Анадолија: Додека ЕУ расправа за ембаргото, Грција стана главен превозник на руска нафта

од Vladimir Zorba

Додека Европската унија расправа дали да воведе ембарго на руското гориво или не, Грција стана главен носител на руската нафта, пишува агенцијата Анадолија.

Благодарение на Грција, Москва урива нови рекорди во однос на приходите од продажба на енергија.

Со почетокот на руската инвазија Украина, Европската унија почна да воведува санкции кои беа насочени кон многу индустриски гранки.

Следниот пакет рестрикции вклучува воведување целосно ембарго на руската нафта, но некои земји не се согласуваат, пренесува Спутник.

Се очекуваше да падне извозот на руска нафта поради санкциите, а се случи спротивното, иако европските компании не купуваат руска нафта.

Унгарија и другите земји од Европската унија го блокираат усвојувањето на шестиот пакет европски санкции против Русија поради несогласувањата со воведувањето на нафтено ембарго.

Слични содржини