Анчелоти: На 0:3 се почувствувавме ослободени, се појави магијата на овој стадион и клуб

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го окарактеризира како заслужен пласманот на својот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Белиот балет“ го елиминира актуелниот освојувач на трофејот Челси по победата од 3-1 во Лондон и поразот со 2-3 по продолженијата во Мадрид.

Во полуфиналето противник на Реал Мадрид ќе биде победникот од двојката Манчестер Сити – Атлетико Мадрид (1:0 по првиот натпревар).

„Требаше да страдаме. Вториот гол во нашата мрежа беше незаслужен. На 0:3 одигравме мирно и ги дадовме сите сили за конечниот успех. Како резултат на тоа, нашата победа е заслужена. На 0:3 се почувствувавме ослободени, се појави магијата на овој стадион и клуб. Се зборува дека шпанските клубови се инфериорни во однос на англиските. Сепак, две шпански екипи се веќе во полуфиналето“, прокоментира Анчелоти, потенцирајќи го достигнувањето на Виљареал, кој го елиминира Баерн (Минхен).

Слични содржини