Анчелоти за Модриќ: Одлуката е на него, го чекаме

од Vladimir Zorba

Натпреварот го започна на клупата и заврши како херој – Лука Модриќ погоди во 81. минута за триумф на Реал Мадрид над Севиља, само шест минути откако излезе на теренот.

На прашањето како реагираа играчите во соблекувалната по победничкиот гол на Модриќ, тренерот на Реал, Карло Анчелоти одговори:

„Па, славевме со Лука. Постигна одличен гол кој ни овозможи да освоиме уште три бода. Многу придонесе кога влезе. Беше свеж и покажа дека е комплицирано да се остави на клупата. Тренира напорно секој ден, рeпер е за целиот тим, па тешко е да го оставите на клупата, се согласувам“.

Многу навивачи на Реал не веруваат дека Модриќ ќе го напушти тимот ова лето, по се што поминаа заедно.

„На Лука е да одлучи што сака да прави. Ќе ја чекаме неговата одлука. Модриќ, Крос, Начо, сите се во слична ситуација. Јас сум тренер, а клубот ќе разговара со нив во наредните месеци“, додаде Анчелоти, чиј тим сега има осум бода предност пред Барселона.

Оваа сезона Модриќ забележа два гола и четири асистенции на 21 натпревар во Примера.

Слични содржини