Анџелина Џоли работи за Би-Би-Си програми за коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудска sвезда и Амбасадор за човекови права на ОН, Анџелина Џоли ќе помогне во креирањето на програма на Би-Би-Си за пандемијата од коронавирус за тинејџери, објави телевизијата.


„BBC World Service“ објави дека таа ќе биде во својство на извршен продуцент на серијалот „BBC My World“ за тинејџери ширум светот, за да создаде специјална дигитална содржина за пандемијата во текот на следните неколку недели.

Содржината ќе биде објавена преку каналите на YouTube и глобалните платформи на Би-Би-Си, вклучително и оние што не се англиски.

Ќе содржи совети за тоа како да се идентификуваат штетните дезинформации, искуствата на младите луѓе во услови на ограничување на движењето и совети за школување преку Интернет.

„Нема регистрирано волкава непосетеност на училиште уште од Втората светска војна“, рече Џоли во соопштението кое го пушти Би-Би-Си.

„Тоа е нешто што ќе се памети цел живот. Тоа е нешто што постарите генерации не го доживеале. Начинот на кој децата го доживуваат ова време – од средствата и информациите што можат да ги добијат како тие комуницираат и си помагаат едни на други – ќе бидат единствена карактеристика на нивната генерација“, вели таа.

Слични содржини