Андонов ги демантира наводите на адвокатите на Камчев

од Vladimir Zorba

Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, откако адвокатите на бизнисменот Јордан Камчев денеска повторно се пожалија дека утрово имал спојување на притисоците, вели дека тој немал висок притисок, а лековите од хроничната терапија му се даваат редовно.

Директорот на Шутка вели дека Камчев бил прегледан од доктор и дека немал никакви здравствени нарушувања, а притисокот му бил со нормални параметри.

Поради ова, не му била дадена никаква дополнителна терапија.

Андонов ги демантираше и обвинувањата дека Камчев бил лекуван со сол и газирана вода, како што тврдат неговите адвокати.

Слични содржини