Андоновски: ЦК на ВМРО ДПМНЕ одлучи да оддржи конгрес во ноември

302 прегледи

Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, вечерва заседаваше на седница, на која фокус биле теми врзани за актуелните случувања во Македонија, посочи вечерва, Стефан Андоновски, инаку член на ИК на партијата.

„Централниот Комитет зазема став во однос на актуелниот попис кој претставува тема која се злоупотребува од власта за политичка пресметка и се користи како димна завеса да се одвлече вниманието од обидот за фалсификат кој се прави во позадина како и дефокус за останатите теми кои ги загрижуваат граѓаните. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека одбивањето на иницијативата за собирање на граѓански потписи за носење на закон за поништување на законот за попис, преставува чекор во кој се гледа стравот на власта на Зоран Заев од соочување со народот и неговата волја. Заев едноставно речено одбегнува да го чуе гласот на народот“, посочи Андоновски.

Исто така, на вечерашната редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука и за оддржување на редовен конгрес на партијата во ноември.

„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по предлогот на ИК кој заседаваше уште пред два дена, донесе одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во месец ноември. Воедно ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери ќе бидат на терен по градовите и селата заедно со народот“, посочи на прес-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Слични содржини