Прашан зошто по две и пол години, работата е јалова, Димитров вели:

-Затоа што зад наш грб по 12 сесии ние ја завршивме работата на само 1 или 2 учебници, кои опфаќаат краток историски период, период кој реално само ја допира нашата заедничка историја. Во моментов сè уште сме заглавени во средниот век, бидејќи реално сме заглавени во нашите разговори во IX-X век, кои според наше мислење немаат точна интерпретација во учебниците на Македонија. Комисијата е формирана поради Договорот за пријателство и добрососедство. Политичарите мора да одлучат дали ќе прифатат такво темпо на работа. Имаме фундаментално несогласување со нашите колеги, и во Комисијата и на политичко ниво. Во Бугарија, се очекува ритмичката последователна работа да донесе промена во учебниците, но од друга страна дадени ни се несоодветни, неодржливи примери, како што беа некогаш комисиите меѓу Франција и Германија, на пример, и Германија и Полска кои решаваа сложени проблеми од минатото. Таквата логика е неодржлива, бидејќи меѓу овие земји, кои сакаат да ги расчистат своите историски проблеми кои се многу сложени, дури имало и војни. Таква меѓудржавна напнатост никогаш немало меѓу Бугарија и Македонија. Мажи од денешна РС Македонија беа  дури и дел од бугарската армија, се пожали Димитров.

Според него, македонските историчари дури одбиваат да ја прифатат дефиницијата за заедничка историја.

-Очекуваме нашите колеги да се однесуваат со повеќе почит кон историските научни принципи. Нашите проценки мора да се засноваат на историски извори и да бидат во согласност со историските научни позиции во светската наука. Научниците водат дискусии, не преговараат. Не можеме да преговараме, не бараме најсоодветно и правилно толкување што би одговарало на интересите на двете земји во контекст на поимот заедничка историја. Нашите колеги бегаат од оваа состојба, нивниот пристап е политички. Тие следат политички акценти во нивната земја и предлагаат апсурдни ситуации, нагласи Димитров.