Англија го укинува карантинот за патниците од ЕУ и САД

од Vladimir Zorba

Англија ќе им овозможи на вакцинираните посетители од Европската унија и САД да влезат во земјата без задолжителен карантин од следната недела, ги објави во средата британскиот министер за транспорт долго очекуваните вести од странаавиокомпаниите и туристичките компании.

Британската туристичка индустрија остро ја критикуваше владата за премногу бавното отворање на земјата, тврдејќи дека не ја искористила водечката позиција во светот за вакцинирање, со што на ЕУ и дала предност во привлекувањето туристи.

Владата објави дека од 2 август патниците вакцинирани со вакцини одобрени во ЕУ и САД нема да мора да бидат ставени во карантин. Ги опфаќа првите девет пазари во Велика Британија според бројот на посетители од пред пандемијата „Ковид-19“.

Отворањето на Англија најверојатно ќе го следи остатокот од Обединетото Кралство.

Сепак, патниците ќе треба да бидат тестирани за Ковид-19 пред поаѓање и веднаш по пристигнувањето во Англија, напиша министерот за транспорт Грант Шапс на Твитер.

Овој потег ќе им помогне на авиокомпаниите и туристичките агенции да го интензивираат работењето по 16 месеци ограничувања, што многумина ги доведе до сериозни финансиски тешкотии.

По веста, акциите на „Бритиш ервејс“ пораснаа за три проценти, „Ези џет“ за четири и „Виз ер“ за пет проценти.

Слични содржини