Анкета на ИРИ: Македонските граѓани ги гледаат Германија и Хрватска како најголеми поддржувачи на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski

Граѓаните сметаат дека Германија и Хрватска имаат најголема поддршка за С. Македонија на патот кон нејзиното полноправно членство во ЕУ, покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија околу поддршката од земјите-членки на ЕУ.

Според графиконот на ИРИ, 32% од македонските граѓани ја сметаат поддршката од германската држава како најголема, додека втора е Хрватска со доверба од 19%.

По нив следуваат Словенија со 14% и Франција со 11%.

На листата уште се и Австрија, Грција, Белгија, Унгарија и Италија.

Анкетата е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР). Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност.

Слични содржини