Апелација утре ја продолжува јавната расправа за пресудите за „27 април“

од Aleksandar Petrovski

Во Апелацискиот суд денеска со читање на пресудите за случувањата во Собранието на 27 април започна јавната расправа за поднесените жалби за пресудите.

На почетокот на судењето дел од одбраната побара да бидат изземени судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска.

Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека законот е многу јасен и во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, во тој случај не може да биде судија во предметот.

– Во два наврата Нича и Беџети беа судии, ние ги побивавме по жалба на суд, еднаш за гаранција, еднаш за продолжување на притворот и сметам дека законот не за џабе ова го предвидел, затоа што во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, значи тежина на кривичното дело,  политичката мотивираност и така натаму, што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење што е недозволиво пред да решат по жалбата, образложи Давидовиќ.

Апелацискиот суд одлучи да не го прифати барањето за изземање.

Јавната расправа за жалбите за пресудите продолжува утре

Слични содржини