Арсовски: Ја поздравувам ревизијата на финансиската полиција, но жалам што е само за последните 5 години

Во своето гостување во 24 анализа, актерот и член на СДСМ, Перо Арсовски посочи дека политиката и културата не треба да имаат меѓусебни влијанија, но потенцира дека средствата се сепак во буџетот поради што се јавуваат неминовни и можеби несакани влијанија.

„Што се однесува до политиката во културата, ништо не е различно како што е и во општеството. Партијата која е на власт поставува свои луѓе кои ќе ја водат културата. Културата би требало да биде ослободена од политичко влијание, но парите сепак лежат во државниот буџет. Но, тука почнуваат неминовните влијанија, од кои исто така треба да се ослободиме. Што се однесува до влегувањето на финансиската полиција, јас го поздравувам тој потег. Но, жалам што ревизијата се однесува само за последните 5 години. Исто така, мислам дека не треба да бидат толку ригорозни во поглед на институциите кои имаат договори кои не се исплатени, бидејќи треба да ја земеме предвид годината одбележана од Ковид 19. Тука мислам на директорите, но не и на Министерството за култура, бидејќи за Министерството не знам“, истакна Арсовски.

Слични содржини