АС: Димитриевски потпишал преддоговор со Валенсија

од Vladimir Zorba

Голманот на Рајо Ваљекано и на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, потпишал преддоговор со Валенсија, објави шпанскиот спортски весник АС.

Димитриески чиј договор истекува на 30 јуни, не одговорил на понудата на Рајо да му го обнови договорот.

„Клубот од Мадрид станува нетрпелив, бидејќи му треба одговор за да може да планира за следната година, а споменатата понуда веќе би можела да истече. Ова доцнење на одговорот на голманот има врска со Валенсија, бидејќи, како што дознава нашиот весник, начелно е договорено од двете страни Македонецот следната сезона да го брани голот на Валенсија“, соопшти АС.

Димитриевски неодамна изјави дека преговара за нов договор со Рајо, но потенцирал дека останувањето не зависи само од него.

Се додава дека Валенсија има намера да го продаде Грузиецот Мамардашвили за околу 30 милиони евра и да го замени со Димитриевски без обештетување, со што би се покрил „минусот“.

Слични содржини