Аца Лукас кривично осуден поради навреда на Жаклина Таталовиќ: Му се заканува и затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот суд во Белград потврди дека Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, е законски осуден и виновен за навреда на новинарката N1 Жаклина Таталовиќ, потврдија нејзините адвокати Драган Маравиќ и Срѓан Дугоњиќ, пренесува „Нова.рс“.

Лукас беше кривично осуден за навредите што ги изрече на Жаклина Таталовиќ во 2020 година кога гостуваше на телевизија „Пинк“ во емисијата „Хит твит“.

Вуксановиќ врз основа на пресудата ќе плати казна од 250.000 динари и судски трошоци во рок од 3 месеци.

Доколку не го стори тоа, ќе се казни со затвор не подолг од 6 месеци.

Судот ја одби жалбата која пејачот ја поднел претходно.

Да потсетиме, фолк пејачот Аца Лукас во 2020 година гостуваше во емисијата „Хит твит“, во која срамно ја навредуваше новинарката на N1 Жаклина Таталовиќ, на сметка на нејзиниот физички изглед. Останатите гости во студиото, а тоа се Александар Шапиќ и Зоран Ќирјаковиќ, само молчеа.

Слични содржини