Авион со фудбалер на Кардиф исчезна од радарот

од desk2

Приватен авион со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала исчезна од радарот на патувањето од Нант до Кардиф. Според француски „Л’Екип“ тој исчезнал во понеделникот вечерта, и цела ноќ траела операцијата за пребарување на островот Олдерни, кој е дел од Нормандските Острови.

Авионот со 28-годишен фудбалер исчезна од радарот околу 20 часот по локално време. Неговото доаѓање во Кардиф се очекуваше во 21 часот. Ноќната операција за пребарување не даде резултати, па утрото беа засилени екипите за пребарување и спасување. Пребарувањето е спроведено северно од островот Алдерни со помош на хеликоптери и чамци.

Сала направи трансфер Нант во Кардиф пред два дена за 20 милиони евра.

Оваа сезона Аргентинецот настапувајќи за Нант во француската Лига 1 постигна 12 гола.

Слични содржини