Австрија ја намали стапката на ДДВ за угостителството и културата

од Aleksandar Petrovski

Австрија значително ги намали стапките на данок на додадена вредност (ДДВ) за угостителството и културниот сектор, за да им помогне да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Законот вчера го усвои парламентот, а новата стапка на ДДВ од пет проценти вклучува хотели, ресторани, билети за културни настани и паркови на природа, како и за медиумски содржини и уметнички дела.

Стапката на ДДВ во рестораните во моментов е 20 проценти за пијалоците и 10 проценти за храна.

Во културата, тоа е 13 проценти, пренесува Хина.

Намалувањето на стапката на ДДВ е составен дел од пакетот мерки со кои Владата се обидува да и помогне на економијата во услови на криза.

Слични содржини