Австрија протера двајца руски дипломати

од Vladimir Zorba

Австрија прогласи двајца дипломати од руската амбасада во Виена за „персона нон грата“ поради дејствија „некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“, наредувајќи им да ја напуштат земјата во рок од една недела, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.

„Двајца дипломати од руската амбасада постапија на начин кој е неспоив со нивниот дипломатски статус. Тие мора да ја напуштат земјата до крајот на 19 март“, се вели во соопштението.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија ќе одговори на одлуката на Австрија да протера руски дипломати.

Слични содржини