Автобус излета во длабока провалија близу Цетиње, најмалку две лица загинаа

од Vladimir Zorba

Две лица загинаа, а најмалку 17 се повредени откако локален автобус во вторникот падна во длабока провалија на патот кај Цетиње.

Подгоричките медиуми јавуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници.
Провалијата каде што слетал автобусот е длабока повеќе од стотина метри, но густата вегетација го запрела на околу 30 метри под патот.

На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а припадници на специјалните полициски единици во Обзовица каде се случила несреќата.

Екипи на итна помош, лекари и медицински персонал на Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица, како и на болницата во Цетиње добија препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упати сочувство до семејствата на загинатите, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на повредените.

„Ме изненади веста за сообраќајната несреќа на Обзовица. Нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, напиша Милатовиќ на социјалната мрежа Х.

Медиумите јавуваат дека возачот наеднаш излетал од патот и на полицијата и рекол дека наеднаш почувствувал силна болка во главата. Се наведува и дека во автобусот немало деца.

Слични содржини