Aвтомобил излета во бездна кај Пониква: Едно лице загина, а двајца тешко повредени

од Nikola Popovski

Утрово едно лице загинало, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во месноста Аеродром на Пониква.

Според информациите, патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.

„Од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница“, соопштил Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани.

 

Слични содржини