Азар се поразочаран од односот на Анчелоти

од Vladimir Zorba

По уште еден недостиг на доверба, Еден Азар е се повеќе разочаран од односот на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави „Марка“. Белгиецот не го искажува гласно незадоволството и се обиде да одржува пријателска атмосфера во соблекувалната, се вели во информацијата.

Азар речиси и да нема минутажа, со 17 натпревари, 1 гол и 2 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона, но Анчелоти отворено изјави дека ќе се потпира на него.

Синоќа не се ни појави во поразот со 0:1 од Атлетик Билбао во Купот на Шпанија. Азар дури беше испратен да се загрева, по што Анчелоти го врати на клупата и не го пушти да игра. Ова, пак, доведе до иронично смеење од Герет Бејл.

Поранешниот играч на Челси има договор со Реал до 2024 година.

Слични содржини