Азар со ветување до фановите на Мадрид: Следната сезона ќе дадам се за вас

од Vladimir Zorba

Белгиската ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар вети дека сезоната 2022/2023 ќе биде негова година.

Азар е измачуван од повреди и лоша форма откако се приклучи на Лос Бланкос од Челси во летото 2019 година. Во неговите три сезони на „Сантијаго Бернабеу“, 31-годишниот Белгиец одигра само 48 натпревари во Ла Лига и се проценува дека пропуштил 72 натпревари во сите натпреварувања.

Во штотуку завршената сезона 2021/22, Азар стартуваше од првата минута во само 7 натпревари на „белите“. Само две од овие средби се од почетокот на календарската година.

„Мадридисти, тука сум три години… многу повреди, многу работи… Но следната сезона ќе дадам се од себе за вас“, им вети Азар на навивачите за време на прославата и парадата на Реал Мадрид по триумфот во Лигата на шампионите, а претходно во Ла Лига.

Слични содржини