Азар веќе е во сметките на клуб од втората белгиска лига

од Vladimir Zorba

Еден Азар дефинитивно не ги минува своите најдобри денови во Реал Мадрид каде не игра поради постојаните повреди и лошата физичка кондиција, но белгиската ѕвезда не можеше да претпостави дека ќе добие таква понуда.

Голем интерес за привлекување на Азар има белгискиот второлигаш Вестерло, кој е убедлив лидер и речиси сигурен учесник во елитата следната сезона. Сопственик на клубот е турскиот бизнисмен Октај Еркан, кој нема да се двоуми да потроши милиони за да го види успехот на својот клуб. Сепак, врската со Еден Азар може да ја направи потпретседателот Хасан Четинкаја.

„Мислам дека можам да го наречам Еден Азар мој пријател. Го познавам откако играше во Лил. Тогаш ми вети дека еден ден ќе игра за Фенербахче. Ќе биде потешко да го доведам во Вестерло, но никогаш не се знае. Тука може да ја заврши кариерата“, изјави Четинкаја во интервју за белгискиот весник Het Nieuwsblad.

Тренерот Карло Анчелоти неодамна откри кој е проблемот на Азар.

„Најголемиот проблем на Еден е што има тренер кој се потпира на други играчи“, изјави саркастично тој.

Слични содржини