Азески за Отворен Балкан: Не ми пречи лидерството на Србија, го поддржувам

од Nikola Popovski

„Отворениот Балкан нема алтернатива, пазарната интеграција нема алтернатива ако сакаме да живееме подобро. Ова не е само декларативен пристап, туку работиме на конкретни проекти кои водат кон интеграција на регионот“, изјави Томислав Момировиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Владата на Србија, во рамки на „Отворениот балкански форум“ во Белград организиран од Либертаријанскиот клуб Либек.

Во својот воведен говор, претседателот на Либек, Милош Николиќ истакнал дека регионот на Западен Балкан „страдал“ предолго затоа што непрогресивните теми биле туркани во јавноста во прв план и дека иницијативата „Отворен Балкан“ е спротивна на тоа бидејќи вклучува единствен пазар и единствен простор на живеење.

„Отвореноста на Балканот, кој се залага за економско единство, е најважниот европски проект што во моментов се случува кај нас. Затоа Отворениот балкански форум е одраз на нашата желба одговорно да влијаеме на историски важните процеси за нашето балканско единство утре да стане европско единство“, рече Николиќ.

Момировиќ нагласил дека Отворениот Балкан за регионот дава можности да се постигне она што го носи членството во Европската унија во однос на економските врски со соседните земји, уште пред самото членство, за кое не се знае колку долго ќе го чекаме.

„Србија е во процес на пристапување во ЕУ веќе 21 година. Не знаеме дали ќе се приклучиме за една година, две или 50 години, ниту еден датум не би не изненадил. Ако ние во регионот мислиме дека сакаме да влеземе во ЕУ за да бидеме поблиску до Холандија или Полска отколку до нашите соседи, тоа не е добро. ЕУ значи дека ние пред се се поврзуваме со првите соседи со кои веќе имаме најголема економска размена“, потенцирал Момировиќ.

На прашањето на учесниците на форумот како ЕУ гледа на ставот на Србија дека Отворен Балкан нема алтернатива во контекст на европската интеграција и дали овие два процеси можат да се развиваат паралелно, Момировиќ рече дека иницијативата нема алтернатива во однос на локалните и регионалните политики и дека овие два процеси не се исклучуваат меѓусебно.

„Ако не сте за Отворен Балкан, тогаш не сте за Европската Унија. Реалноста би ја оставил на сликата како ќе изгледа кога ќе влеземе во ЕУ, дали ќе влеземе заедно или одделно, тоа не можам да го предвидам. Едно е сигурно, нема да не примат ако имаме политички, економски и други спорови. Сметам дека Отворен Балкан не е во спротивност со политиката на Европската унија и верувам дека тоа е директна придобивка за сите граѓани на Западен Балкан“, рече тој.

Во контекст на надминување на отпорот што постои во некои земји од регионот кои се уште не се приклучиле на иницијативата на Отворен Балкан, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, рече дека е доволно и две земји да постигнат соработка, дека тоа е веќе напредок и дека се надева дека другите ќе ги видат придобивките.

„Проблемот е што сите им пречи лидерството на Србија. Мене тоа не ми пречи, јас го поддржувам“, рекол Азески.

Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија, рече дека нема информации за можностите за приклучување на други земји, поточно Црна Гора, од која дошле позитивни сигнали до оваа иницијатива.

„Во четврток ќе имаме можност да разговараме со министерот за економија на Црна Гора, претпоставувам дека ќе има разговори за Отворен Балкан. За ваква одлука е потребно двотретинско мнозинство во Владата на Црна Гора, а засега имаме скептична страна за ДПС и СДП. Она што би сакал да и го кажам на Подгорица е дека е важно овој процес да се деполитизира, бидејќи повеќето аргументи против него доаѓаат или од сферата на политизација или политика“, изјавил Ѓурѓевиќ.

Слични содржини