Бабовски: Африканската чума е подмолна болест, има висока отпорност во природата

од Nikola Popovski

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Никола Бабовски денеска информираше дека болеста африканска чума кај животните е „прилично подмолна“.

-Болест која што во поновата пишана историја е најверојатно најголемата пандемија што се јавила кај домашните и дивите животни. Треба да сме свесни дека болеста кога веќе еднаш ќе биде присутна, поради високата отпорност на вирусот во природата и присуството кај дивите свињи, секогаш во наредниот период ќе биде опасност, но ние досега реагиравме на време и сигурн сум дека и понатаму ќе успееме да се справиме со последиците од оваа болест, изјави Бабовски за медиумите.

Претходно беше соопштено дека е добиена потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица.

Слични содржини