Баерн му постави ултиматум на Дејвис: До крајот на неделата мора да каже дали сака нов договор

од Vladimir Zorba

Канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис доби ултиматум од челниците на Баерн Минхен, кои како да го загубија трпението во преговорите со него.

Според пишувањата на медиумите во Германија, Баварците му дале простор до крајот на тековната недела да каже дали сака да потпише нов договор или сака да замине.

Актуелниот договор на одличниот дефанзивец со германскиот клуб истекува следното лето и тие сакаат да го осигураат неговиот престој на Алијанц Арената, а доколку не го сака тоа се подготвени веднаш да го стават на трансфер листата.

Наводно неговата цена во моментов е околу 50 милиони евра, а прв клуб кој пројавил интерес за него е шпанскиот Реал Мадрид каде би сакал да замине и самиот фудбалер.

Баерн, пак, е подготвен да му понуди на Дејвис договор до 2029 година, според кој тој би заработувал 14 милиони евра годишно, додека Канаѓанецот би сакал да биде околу 20, а токму оваа разлика од шест милиони евра е каменот на сопнување меѓу двете страни.

Дејвис, инаку, во Баерн пристигна од Ванкувер во 2028 година и за тоа време стана еден од најстандардните играчи во редовите на германскиот гигант.

Слични содржини