Бајден ги брише одлуките на Трамп: Трансродовите лица можат да се приклучат на армијата

од Nikola Popovski

Американскиот претседател eо Бајден ја поништи контроверзната одлука на неговиот претходник Доналд Трамп да им забрани на трансродовите лица да служат војска, доколку им треба медицинско лекување.

Бајден, во присуство на министерот за одбрана Лојд Остин и началникот на генералштабот на американската армија Марк Мили, потпиша указ според кој „сите Американци квалификувани да служат во вооружените сили на САД ќе можат да го сторат тоа“.

Во 2017 година претходниот претседател Трамп им забрани на трансродовите лица да служат војска поради „огромни медицински трошоци“.

Слични содржини