Бајден му рекол на Обама дека ќе трча за уште еден мандат за претседател

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден му рекол на поранешниот американски претседател Барак Обама дека ќе се кандидира за реизбор во 2024 година, пишува вашингтонскиот сајт Хил, а пренесува Гардијан.

Наводно, оваа вест за сајтот Хил ја потврдиле два анонимни извори.

Еден од нив рекол дека Бајден „сака да се кандидира и им дава јасно до знаење на сите“.

Друг извор посочил дека Бајден „мисли дека е единствениот што може да го победи Трамп“, кој најавува дека повторно ќе се кандидира за претседател.

Бајден го победи Трамп во 2020 година.

Обама ја посети Белата куќа на почетокот на овој месец, и претставувајќи го својот домаќин, го нарече „потпретседателот Бајден“, наведувајќи подоцна дека тоа е само шега.

„Гардијан“ потсетува дека Бајден беше потпретседател на Обама од 2009 до 2017 година.

На 78 години, Бајден е најстариот претседател некогаш инаугуриран.

Доколку повторно победи, на почетокот на вториот мандат ќе има 82 години.

Слични содржини