Бајден: Вакцинацијата во САД нема да биде задолжителна

од Nikola Popovski

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјавил дека вакцинацијата против коронавирус во САД нема да биде задолжителна и Американците нема да бидат принудени да ја примаат вакцината.

Во исто време, Националниот центар за контрола и превенција на болести апелирал да се носат заштитни маски на отворено и предупреди дека САД и „влегле во фаза на високо пренесување“ на вирусот, објави АП.

Во последните 24 часа во САД, потврдени се речиси 225.000 нови случаи на Ковид-19 и повеќе од 2.500 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата, 14,3 милиони луѓе се заразиле, а 278,000 починале од Ковид-19.

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден најави дека церемонијата на инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон ќе биде организирана во помал формат, во согласност со епидемиолошката состојба.

Слични содржини