Барселона одби уште една примамлива понуда

од Vladimir Zorba

Понуда од 35 милиони евра за уште еден младинец на клубот е одбиена од Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“. Во случајов се работи за Хектор Форт, кој има 17 години и игра на позицијата бек. Нема информации од каде е понудата за него.

Претседателот Жоан Лапорта пред неколку дена потврди понуда од 200 милиони евра за Ламин Јамал, која исто така била одбиена.

Како и повеќето таленти на Ла Масија, Форт има договор со откупна клаузула од 10 милиони евра. Иста е ситуацијата и со Пау Кубарси, поради што управата брза да им понуди нови договори со променети услови.

Форт сега има седум настапи за првиот тим, дебитирајќи го есента на последниот натпревар од групата во Лигата на шампионите против Антверпен. Тинејџерот дури и стартуваше во победата од 3-0 над Атлетико Мадрид во последната средба на Каталонците.

За да можат да потпишуваат нови договори подолги од две години, младите треба да имаат 18 години. Форт овој услов ќе го исполни наскоро – следниот август.

Пред неколку дена дебитираше и во јуниорската репрезентација на Шпанија до 19 години.

Слични содржини