Батшуаи: Главата ќе ми се блокира, ако мислам за иднината

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Мичи Батшуаи прокоментира дали би останал на „Сигнал Идуна Парк“ и по крајот на сезоната, кога истекува неговиот договор за изнајмување. Како што е познато, тој игра под договор со Челзи.

„Ако почнам да размислувам на оваа тема уште сега, мојата глава ќе блокира. Треба да се фокусирам само на следните натпревари тука, бидејќи оваа фаза е многу важна за Дортмунд“, изјави 24-годишниот Белгиец пред „Funke Mediengruppe“.

„Во моментов мислам само за фудбал, а не за иднината. На крајот ќе одлуката најмногу ќе зависи од клубовите. Во Борусија ми се допаѓа, се чувствувам како во едно големо семејство. Сите се разбираме добро и за мене тоа е совршено“, додаде Батшуаи, кој постигна историски пет гола во првите три натпревари за „жолто-црните“, но во следните три не успеа да ја пронајде целта.

Слични содржини