Bayer отпушта 4.500 работници

од desk2

Германскиот фармацевтски гигант Bayer ќе затвори 4.500 работни места на домашниот пазар, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека оваа бројка е дел од 12.000 работни места чие укинување беше најавено лани.

Компанијата Bayer во моментот има 32.100 вработени во Германија.

Германскиот гигант се бори со последиците од тужбата за наводно канцерогениот ефект на производите Roundup, кои Bayer ги доби со купување на американскиот ривал Monsanto.

Од компанијата тврдат дека има научни докази што покажуваат дека производот е безбеден и дека надлежните органи го потврдиле тој заклучок.

Слични содржини