БЕГ: Владата од утре да го преземе парното греење во Скопје

од Nikola Popovski

Компанијата БЕГ информира дека има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Од таму предлагаат Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

-Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец Јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, сеуште не е најдено решение за овој горлив проблем, велат од Балкан Енерџи Груп, додавајќи дека немаат повеќе ресурси за финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија.

На денешната 133-та седница, Владата донесе Одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

-Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати.Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД „Електрани на Северна Македонија” Скопје со сопствени средства, соопштија од Владата.

Слични содржини