Бегството на Мијалков, ќе му пресуди на Спасовски?

Бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, веројатно ќе му пресуди на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Неколку извори велат дека во Владата се бара одговорност за тоа што се случи со Мијалков, кој полицијата не успеа да го пронајде за да му врачи решение за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.

Според информациите, последен пат Мијалков е забележан како со сопругата влегува во хотелот „Мериот“.

Од Министерството за внатрешни работи официјално изјавија дека се преземаат мерки и активности за негово наоѓање и дека е распишана национална и меѓународна потерница.

Премиерот Зоран Заев изјави дека е разочаран што се случи уште едно бегство, додавајќи дека ќе побара детали за истрагата и случајот да биде расветлен во најбрз можен рок.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак побара „оставка од Владата веднаш“, порачувајќи дека „мафијата има своја држава“.

Слични содржини