Бејл: Мојата иднина не зависи од натпреварот со Украина

од Vladimir Zorba

Велшката репрезентативна ѕвезда Герет Бејл изјави дека неговата фудбалска иднина не зависи од баражот против Украина на СП 2022. Бејл веќе потврди дека се разделува со шпански Реал Мадрид. 32-годишниот фудбалер се поврзува со враќање во Тотенхем, Англија, каде играше како позајмен во сезоната 2020/2021.

„Не би рекол дека мојата понатамошна кариера зависи од претстојниот натпревар. Сега мислам само на она што ме чека. Ни претстои важен натпревар на кој сме фокусирани“, коментира Герет Бејл и додаде дека веќе има многу понуди за нов клуб.
Тој додаде дека нема да и се извини на Украина доколку репрезентацијата на Велс ги елиминира во квалификациите за да стигнат до својот прв настап на Светското првенство по 1958 година.

„Колку и да звучи страшно, не. Тоа е фудбалски натпревар, натпреварување и ние сакаме да се претставиме добро“, рече Бејл на прашањето дали ќе се извини доколку ги разочара украинските навивачи.

„Сите сочувствуваме со Украина. Спортот ги обединува сите. Разбираме што тоа би значело за нив, но и ние сакаме да се квалификуваме за Катар“, додаде Бејл.

Фудбалерот исто така рече дека е многу важно неговата земја да стигне до Светското првенство во 2022. „Не го криеме тоа. Сме биле само на еден Мундијал“, изјави велшкиот репрезентативец.

Слични содржини