Координаторот за битка против Ковид 19 во Белата куќа, Џеф Зајентс, рече дека смета дека здравствениот систем ќе може да го вакцинира населението со 100 милиони дози во следните 100 дена, што е целта на администрацијата на новиот претседател Џо Бајден.

„Сметаме дека имаме доволно залихи за да дадеме милион вакцини на ден во следните 100 дена“, рече Зајентс, цитиран од Си-Ен-Ен.

Зајентс вети дека ќе ја разјасни конфузијата што постои во американските држави – колку дози ќе добие секоја држава и кога.

„Основата на нашата дистрибуција на вакцини е дека тие се рамномерно распоредени, така функционира нашиот систем“, рече Зајентс.

Слични содржини