Белата куќа: Израел треба да прави разлика меѓу терористите и цивилите за време на нападите

од Radmila Tasevska

САД веруваат дека Израел треба да направи се што може за да направи разлика меѓу палестинските цивили и милитантите на Хамас во неговата воена операција во Газа, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Саливан го повика и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да го спречи насилството од страна на екстремистичките еврејски доселеници врз невините луѓе на Западниот Брег“.

Соочен со зголемениот бес поради израелското бомбардирање на Газа по смртоносните напади на милитантите на Хамас во Израел на 7 октомври, Саливан рече „ние не се залагаме за убивање на невини луѓе, без разлика дали се Палестинци, Израелци или други“.

Слични содржини