Белица: Кучето Медо од шума донесе срнче во домот на семејството на Радески (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Верувале или не, нешто невидено се случи: кучето Медо донесе мало срнче во домот на Кире Радески, кој неколку години го чува срнчето Бамби, пишува во објавата на Фејсбук на страницата Белица.

– Вчера се расчу низ селото дека кучето Медо донело штотуку родено срнче од шумата во близина на куќата на Радески. Од тоа што видовме денеска никој не може да остане рамнодушен. Глетката ја топли душата на секој човек. Кучето го лижеше и се грижеше за малото срнче и си играше како да му е мајка. Сега Бамби ќе има другарче, а Белица добива уште една атракција, пишува во објавата на Фејсбук.

Слични содржини