Белорусија воведува нов закон: ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА за промовирање на ЛГБТ популацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Белорусија подготви нацрт-закон со кој се казнува „промовирање на нетрадиционални односи“, што се однесува на ЛГБТ односите, објави денеска „Ројтерс“.

Државниот обвинител на Белорусија, Андреј Швед им рекол на пратениците дека е подготвен нацрт-закон со кој се утврдува административна одговорност за промовирање „ненормални односи, педофилија и доброволно одбивање да се имаат деца“, наведе „Ројтерс“, додавајќи дека нацрт-законот е во процес на усвојување.

Хомосексуалноста беше декриминализирана во Белорусија во 1994 година, но истополовите бракови не се признаваат во таа земја и не се дозволени Паради на гордоста.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко јавно ги исмева членовите на ЛГБТ популацијата, нарекувајќи ги геј мажите „перверзни“ и „апсолутно одвратни“.

Законот за анти-геј пропаганда е усвоен во Русија во 2013 година, а според него е забрането јавно изразување на животниот стил на припадниците на ЛГБТ популацијата.

Во декември минатата година, рускиот Врховен суд го забрани, како што го нарече, „меѓународното социјално движење ЛГБТ“, означувајќи го како екстремистичка организација.

Слични содржини