Бесими: Партнерството на Владата и приватниот сектор, важни за инклузивниот процес

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, оддржа повеќе состаноци со претседателите на стопанските комори со кои дискутираше за даночната реформа и акцискиот план во однос на Стратегијата за реформа на даночниот систем предвиден за периодот од 2021-2025. година.

Во таа насока, Бесими ја истакна важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порача дека покрај превземените мерки, важна е конзистентноста и инклузивниот процес со засегнатите страни при носењето на одлуките.

„Реформите на даночниот систем се во насока на воспоставување современ, транспарентен, ефикасен даночен систем што се заснова на јасни правила и принципи и ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст“, истакна Бесими.

На состанокот, воедно, се дискутираше за приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем коишто се во насока на поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, намалување на неформалната економија, поголема даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и воведување еколошко (зелено) оданочување.

Слични содржини