„Бев бесен“: Ештон Качер искрено за бракот и автобиографијата на Деми Мур

од Stefanija Kuzmanovska

Откако во 2013 година се дозна дека Ештон Качер и 15 години постарата Деми Мур се разведуваат, оваа тема не престанува да се коментира.

Иако се чинеше дека возбудата околу нивниот развод полека згаснува, Деми објави автобиографија наречена „Лице и налик“. Актерката детално го опишала нивниот брак, а открила и дека го изгубила бебето кое толку многу го посакувале таа и Ештон.

Од друга страна, Ештон засега не ја коментирал нивната врска, ниту пак обвинувањата со кои се соочи по објавувањето на книгата.

„Бев е**но бесен“, беше искрен тој во интервјуто за Esquire, а потоа додаде:

„Конечно дојдов до моментот кога медиумите се ‘откачија’ од мојата сопруга, мојот живот и моето семејство. Меѓутоа, одеднаш папараците се најдоа пред училиштето на моите деца“, објасни Ештон Качер, кој е во брак со актерката Мила Кунис од 2015 година.

Тој се осврна и на бракот со колешката, која има три ќерки од првиот брак со Брус Вилис.

„Имав 26 години и станав одговорен за деца на возраст од осум, десет и дванаесет години. Така мора да се чувствуваат луѓето кои стануваат родители како тинејџери во своите дваесетти години“, вели тој.

И двајцата останале со скршено срце поради загубата на бебето.

„Губењето на детето што мислите дека ќе го имате, толку блиску до моментот на пораѓај, е навистина, навистина болно. Секој се справува со тоа на свој начин“, искрено изјави Ештон.

Не крие дека разводот тешко му паднал.

„Ништо не прави да се чувствувате како целосен неуспех како што тоа го прави разводот. Разводот е неуспех. Не успеавте во бракот“, смета тој.

Во својата автобиографија, Деми упати многу обвинувања против Ештон. Имено, таа откри дека носи многу трауми од тој брак.

„Сакав да му покажам колку можам да бидам забавна и решителна, но знам дека тоа беше грешка. Беше толку понижувачки и одвратно, сè уште сум истрауматизирана од нашата врска“, рече Деми Мур, која тврди дека нејзиниот поранешен сопруг е манипулатор и човек кој „ментално ја малтретирал сопругата“.

По разводот со Деми во 2015 година, Ештон се ожени со Мила Кунис.

Слични содржини