Без алка нема пристап: Познати деталите за влез на стадион во Букурешт

од Берта Китинска

Македонските фанови кои ќе заминат во Букурешт ќе мора да направат брз-антигенски тест за да можат да имаат пристап до трибините на националната арена.

Цената на тестот ќе чини 8 евра, ќе мора да се прави задолжително на 24 часа пред секој натпревар а истиот можат да се спроведе на медицинските пунктови ширум градот, информираат од романската фудбалска федерација и организацискиот одбор.

На стадионот ќе може да влезат оние кои имаат примена втора доза на вакцина (десет дена по примањето), имаат ПЦР тест не постар од 72 часа, како и документ за прележан Ковид-19 од 15-90 ден и брз-антигенски тест не постар од 24 часа, со потврда од сите овие опции ќе треба да платат едно евро за да ја добијат алката која заедно со билетот ќе биде задолжителна за влез во стадионот.

Слични содржини