БГНЕС: Не постои француска иницијатива за решавање на спорот со Македонија

од Nikola Popovski

Не постои француска иницијатива за решавање на бугарско-македонскиот спор, објавија од бугарската новинска агенција БГНЕС по добиени информации од дипломатски извори од Европската комисија.

Од агенцијата додаваат дека „нема таков предлог во дипломатските разговори“, соопштиле од Брисел.

Исто така и од бугарското МНР соопштиле дека не се информирани за ваквата француска иницијатива.

Претходно првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека има предлог од Франција за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

-Ние ги поднесовме одговорите кон сите прашања што ги има поднесено Бугарија во најконструктивна можна форма и чекаме новите власти, претседателот Радев, новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин. Да постигнеме зделка која ќе ни ја отвори вратата кон ЕУ. Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, на пролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече денеска Груби.

Слични содржини