Бијонсе: Згрозена сум од расизмот во Америка

од Vladimir Zorba

Бијонсе е „скршена и згрозена“ од расизмот во Америка.

Музичката дива зборуваше на Инстаграм за убиството на Џорџ Флојд, што го шокираше светот и ги повика нејзините фанови да се борат за правда.

„Ние сакаме правда за Џорџ Флојд. Сите бевме сведоци на неговото убиство среде ден. Сите сме скршени и згрозени и не можеме да ја нормализираме оваа болка“, рече Бијонсе.

Таа додаде дека не зборува само во име на Афроамериканецот.

„Ако сте бели, црни, кафеави или нешто помеѓу нив, верувам дека се чувствувате беспомошни заради расизмот во Америка“, рече таа.

„Има многу бесмислени убиства на човечки суштества, многумина ги гледаат Афроамериканците како понизок вид. Не можеме повеќе да гледаменастрана“, рече таа.

„Премногу пати видовме вакви насилни убиства без последици. Да, против некого е поднесено обвинение, но правдата сè уште не е постигната“, рече таа.

Таа ги охрабри своите следбеници да потпишат една од многуте петиции на Интернет.

Слични содржини