Били Ајлиш денеска ќе објави видео што го режирала целосно сама (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Били Ајлиш денеска официјално ќе објави ново видео и сингл – „Male Fantasy“ – од нејзиниот втор студиски албум „Happier Than Ever“. Видеото ќе биде достапно околу 18 часот.

„Male Fantasy“ е последната песна од новиот албум на Били Ајлиш „Happier Than Ever“, која на нејзините обожаватели им остава нешто значајно со кое би можеле да се поврзат. Песната започнува така што Ајлиш пее како ја поминува ноќта дома, гледајќи и критикувајќи порнографија. Насловот на песната се појавува во воведот кога таа пее, „никогаш не би била толку среќна, тоа е машка фантазија“ – алудирајќи на сцени од порно филм.

Сепак, песната не е за проблемите на Ајлиш со порнографијата, па дури ни за тоа што таа мисли дека не е во ред со оваа „машка фантазија“. Наместо тоа, ветеното задоволство што доаѓа со порнографијата се користи како начин да се одвлече вниманието на Ајлиш од нејзината осаменост по раскинувањето.

Ајлиш ги открива своите вистински чувства во рефренот, пеејќи: „Затоа што те сакав тогаш и те сакам сега, а не знам зошто. Претпоставувам дека е тешко да најдам одговор кога никој друг не се појавува во мојот живот, можеби ќе те преболам или само ќе се преправам дека сум добро, ќе се убедам себеси дека те мразам“.

Ова е првото видео кое Били Ајлиш го режирала целосно самата.

Слични содржини