Бионтек: Вакцината ќе биде ефикасна против новиот вид на вирусот

од Nikola Popovski

Директорот на германскиот „Бионтек“, Угур Сахин, изрази верување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американската компанија „Фајзер“ ќе биде ефикасна против новиот вид на коронавирусот, кој се појави во Велика Британија.

Тој рече дека „Бионтек“ ќе ја испита оваа мутација на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудувал ситуацијата“, пренесува Бета, повикувајќи се на Ројтерс.

Земјите ширум светот и во понеделникот продолжија да ги затвораат своите граници со Велика Британија, стравувајќи од новиот вид, кој се шири 70 проценти побрзо од порано.

„Вообичаена еволуција на вирусот“

Откажувањето на летовите доведе до хаос во сообраќајот и ја зголеми можноста за недостиг на храна во Велика Британија.

Изјавата на Сахин е во согласност со ставот на Светската здравствена организација (СЗО) дека нема причина за голема загриженост и дека новиот вид на вирус е вообичаен дел од еволуцијата на пандемијата.

Непосредно пред изјавата на Сахин, Европската унија даде одобрение за употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, чија дистрибуција ќе започне по Божиќ.

Слични содржини