Бишевац: Ако ДУИ не е дел од договорот, Заев нема мнозинство

од Nikola Popovski

„Не сум убеден дека господинот Заев го има потребното мнозинство. Тој мандатот го добива во уставниот рок од десет дена од конституирањето на Парламентот, што е вообичаена пракса“, вели поранешниот пратеник Сафет Бишевац во емисијата „Само вистина“.

„Дали ќе има мнозинство останува да се види во 20-те денови кои доаѓаат, но јас не сум сигурен дека има собрано 61 пратеник“, смет Бишевац.

Тој го нарекува „весела математика“, утрешното можно продолжување на конститутивната седница во Собранието со избор на претседател.

„Зоран Заев без ДУИ нема мнозинство, како и да прави. Треба да обезбеди пратеници или од ВМРО-ДПМНЕ или од Левица. Ако ДУИ не е дел од договорот, Заев нема мнозинство“, изјави Бишевац.

Слични содржини