Бислимоски: По втората половина на јуни ќе се знае конечната цена на електричната енергија

од Берта Китинска

Во овој момент рано е да се каже колкава ќе биде цената на електричната енергија, но по втората половина на јуни ќе ја знаеме  , изјави во Утрински брифинг претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Ние кон крајот на минатата недела го добивме барањето од МЕПСО и воочивме одредени математички пропусти на начинот како е побарана нивната цена, така што до крајот на неделата ќе го провериме ова уште еднаш и ќе кажеме колку точно МЕПСО бара зголемување и кои се главните причини заради побараното гфолемување. МЕПСО бара зголемување на оперативните трошоци и на инвестициите кои планира да ги направи во наредниот период. 2020 МЕПСО заврши со шест милиони евра загуба,вели Бислимоски.

Тој напомена дека крајната цена на електрична енергија се состои од еден дел кој што е за набавка на електрична енергија, пренос и дистрибуција и преостанати делови кои се однесуваат на одредена маржа која што треба да ја оствари универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

-РКЕ влијае на делот на мрежарините, односно на цените на МЕПСО и на Електро-дистрибуција која е компанија во рамките на ЕВН. Тоа значи дека ние влијаеме на околу 38% проценти од крајната цена. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во делот на набавката распишува тендер, на овој тендер ЕСМ има обврска да се јави и да понуди во 2021 година 70% од потребите на потрошувачите на регулираниот пазар. Доколку ЕЛЕМ понуди повисока цена тогаш ЕВН Хоум нема обврска да ја откупи оваа електрична енергија од ЕЛЕМ , туку ја купува од останатите учесници на тендерот, вели Бислимовски.

Слични содржини