Бислимовски: Администрацијата и граѓаните кои не се погодени од кризата, редовно да си ги плаќаат сметките

од Nikola Popovski

Пензионерите побрзале да ги платат сметките за струја, парно и вода веднаш откако им стасале пензиите и за тоа добија пофалба од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Тој еднаш веќе рече дека компаниите ќе се обидат да не исклучуваат, ама сега Бислимоски во интервју за МИА вели дека пожелно е сите што имаат редовни примања и во кризата да продолжат да си плаќаат навреме.

„Тоа е еден маѓепсан круг, ако ЕВН не собира пари, ќе имаат проблем за работа МЕПСО и ЕСМ и ќе имаме проблеми со сите водни претпријатија. Оваа мрежа ќе треба да продолжи да им служи на граѓаните и по завршувањето на оваа вонредна состојба, порача Бислимоски. Според информациите што ги имаме од компаниите делумно проблемот со ликвидноста е надминат во овој период кога се добиени пензиите. Редовно да си ги подмируваат сметките очекуваме и од администрацијата и од граѓаните кои не се погодени од оваа криза, изјави Бислимоски за МИА.

Слични содржини