Бислимовски: Цената на парното нема да се корегира доколку остане таксата од Бугарија за рускиот гас

од Nikola Popovski

Македонија на ниту еден начин, со ништо не предизвикала, цената на природниот гас во земјата се зголеми колку што се најавите за таксите од страна на Бугарија, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, истакнувајќи дека нема да има корекција на цената на парното греење доколку останат таксата од 10 евра за мегават/час.

Тој беше дециден дека нема да има корекција на цената за топлинска енергија во градот Скопје.

Според него, Македонија не треба да биде погодена од таксата, бидејќи како што рече, се однесува исклучиво на руски гас и дека нашата земја не била таргетот.

-Една од опциите е да ни се зголеми капацитетот на нашиот интерконективен гасовод со Бугарија бидејќи е техничко возможно да доаѓа природен гас и од други земји, освен Русија, кажа Бислимовски на денешната прес-конференција.

Првиот човек на РКЕ исто така информира дека компаниите барале околу 50% повисока цена на парното.

Бугарија од 13 октомври воведе вонредна енергетска такса за пренос и транзит на руски природен гас низ нејзината територија во износ од 20 лева/mWh. Целта, како  што објаснија тамошните власти, е да се направи помалку профитабилно за „Гаспром“ испораката на гас преку Бугарија.

Правни тимови во Министерство за економија и во НОМАГАС ги разгледуваат можностите за поведување правна постапка против воведување на такса за гас од страна на Бугарија. Покрај ова, како опција е барање за обесштетување за разликата во цената која би ја плаќала земјата и берзанската за природниот гас, а која не е мала и изнесува дваесетина отсто.

Слични содржини