Битиќи на Балкан економскиот форум: Регионалната конкурентност наспроти регионалната конкуренција е клучот за развој

од Vladimir Zorba

„Влегуваме во нова фаза на економски раст и на нашата регионална економска соработка. Од една страна, процесот на пристапување во ЕУ бара многу солидни подготовки за нашето идно учество на единствениот пазар на ЕУ. Берлинскиот процес, како и другите регионални иницијативи, успеа да го придвижи Западен Балкан во вистинската насока, а целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ треба да биде природен исход на реформскиот пат на регионот“, изјави денеска Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на отворањето на првиот Балкан економски форум..

„Додека се соочуваме со овие предизвикувачки времиња, покажавме дека работиме заедно, со сите напори, да го направиме Заедничкиот регионален пазар реалност во контекст на подготовка на можности за приближување на целиот регион до внатрешниот пазар на ЕУ.

Во овој контекст, преку поставување рамка и преку дефинирање конкретни активности во сите области на четирите слободи на ЕУ, кои се клучни за подобрување на животот на нашите граѓани, бидејќи тие даваат опипливи резултати. Тие ги поедноставуваат административните процедури за влез, транзит и краток престој во Западен Балкан користејќи само лични карти, а придонесуваат и за поблизок и подобро поврзан регион. Исто така, обезбедуваме еднаков третман на сите граѓани во целиот регион и ги зајакнуваме односите меѓу луѓето.

Нашата посветеност на регионалната соработка е резултат на заеднички признатите интереси, поттикнувајќи ја нашата понатамошна посветеност за зголемување на атрактивноста на регионот за странските инвеститори.

Имаме солидна основа да го искористиме огромниот потенцијал на Регионот.

Се отвора прозорец на можности за нашиот регион во овој период на закрепнување по КОВИД – а тоа е капитализирање на целосниот потенцијал на Near-shoring што се покажа како неопходност што се појави со пандемијата. Кога далечните меѓународни добавувачи не успеаја да испорачаат, она што стана очигледно повеќе од кога било е можноста што се наоѓа во регионалните вредносни синџири кои можат да генерираат просперитет и економска стабилност и раст за Западен Балкан. Со оглед на блискоста на нашиот пазар со големиот европски пазар, тука лежи нашиот потенцијал и шанса за светла иднина“, вели тој.

Слични содржини