Битиќи кон работниците: Вашиот труд е она што ја одржува нашата заедница (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во видео обраќање по повод 1ви Мај – Меѓународниот ден на трудот на работниците и работничките има порача дека нивниот „нивниот труд е она што ја одржува нашата заедница“.

„Вие сте столбот на нашето општество, а ние го препознаваме и цениме вашиот придонес за нашиот заеднички успех и економски развој.

Денес изразуваме почит за вашата посветеност на работните места, за вашата професионалност и работна етика, го славиме трудот, посветеноста и придонесот на вас, работниците и работничките за нашето добро и за доброто на идните генерации.

После неколкуте години постојан раст на поддршката за работниците, социјалната политика во нашата земја никогаш повеќе не смее да зависи од волјата на поединци, ниту од партискиот маркетинг“, порача Битиќи во видео-обраќањето.

Слични содржини